ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА КОРИТОТО НА ЛИПКОВКА ВО КУМАНОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА КОРИТОТО НА ЛИПКОВКА ВО КУМАНОВО

    Со 730.000 долари обезбедени од УНДП, Општина Куманово и од Министерството за животна средина ќе се регулира реката Липковка, коja последните неколку години поплавува дел од градот. Проектот предвидува продлабочување и проширување на речното корито, бетонскa подлога и делумно камено поплочување, во должина од 1.8 километри. Изградбата треба да започнае кон крајот на март, а да заврши за 6 месеци.

    „Проектот опфаќа регулација на речното корито на реката Липковка од автопатот до вливот во реката Кумановка. Овој проект е многу значаен за Куманово, бидејќи е направена анализа на поплавите и ќе има капацитет да ја прифати најголемата количина на вода за последните 100 години, а ќе се заштити и животната средина“, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, вицепремиерот Арбр Адеми, министерот за заштита на животна средина Башким Амети и амбасадорот на УНДП Лујза Винтон, денеска го презентираа проектот пред жителите кои живеат во близина на стадионот Башкими во Куманово, што беа зафатени од последните поплави (Фото: СДК.МК)            

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, вицепремиерот Арбр Адеми, министерот за заштита на животна средина Башким Амети и амбасадорот на УНДП Лујза Винтон, денеска го презентираа проектот пред жителите кои живеат во близина на стадионот Башкими во Куманово, што беа зафатени од последните поплави (Фото: СДК.МК)

    За реализација на проектот, Општината Куманово ќе обезбеди 200.000 евра, Министерството за животна средина 140.000 евра, а Министерството за евроинтеграции преку УНДП околу 300.000 евра.
    „Еден од приоритетите на УНДП во оваа држава е да се намали ризикот од поплавите, бидејќи гледаме дека поплавите се случуваат сѐ почесто имајќи ги предвид климатските промени, ситуацијата се очекува дополнително да се влоши и оттаму овој проект се појавува на листата на наши приоритети. Благодарение на соработката со вицепремиерот, со министерот за животна средина и со градоначалникот бевме во можност брзо да почнеме со проектни активности за исполнување на овие цели“, изјави амбасадорката на УНДП Лујза Винтон.

    Проектот ќе биде готов за десетина дена, по што ќе започнат подготовките за почнување на работите на терен. Градоначалникот објасни дека нема да има потреба од експропријација на земјиштето, а многу мал дел има узурпација на речното корито, бидејќи најголем дел од реката поминува на државно земјиште.

    Со регулација на речното корито ќе се реши деценискиот проблем со излевање на реката Липковка на потегот од стадионот Башкими, кај Стариот градски парк , на булеварот Октомвриска револуција и населбата Средорек. Новоизградениот дел ќе се спои со кејот на реката Кумановка и со тоа градот ќе се заштити од надојдените води и буици при обилните врнежи од дожд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира