ЌЕ СЕ УРИВААТ ДЕСЕТИНА СТАКЛАРНИЦИ НА СКОПСКИ КАФУЛИЊА ОТИ НЕ СЕ ЛЕГАЛНИ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ЌЕ СЕ УРИВААТ ДЕСЕТИНА СТАКЛАРНИЦИ НА СКОПСКИ КАФУЛИЊА ОТИ НЕ СЕ ЛЕГАЛНИ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАРВо вторникот се уриваше бутикот стакларникот на улица Македонија. (Фото: К. Попов)

    Ќе се уриваат летни тераси претворени во стакларници во Дебар Маало и Капиштец во Скопје. Од Инспекторатот на Општина Центар велат дека според извршените проверки, десетина угостителски објекти имаат нелегални летни тераси на јавна површина, спротивно на Правилникот кој беше донесен пред две години од ексградоначалникот Саша Богдановиќ.

    „Објектите се изведени спротивно на Правилникот, односно имаат поставено платформи на земја и зафаќаат повеќе простор од дозволеното на јавната површина. Во елаборатот кој им е одобрен од Општината навеле една ситуација која е одобрена, а на терен извеле сосема друг објект, со тераса многу поголема и со платформа на земја. Затоа, во наредниот период ќе следи акција за уривање на ваквите објекти“, вели Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторатот на Општина Центар.

    Според Правилникот кој важи за Дебар Маало, Капиштец и Градски парк, а не и за улица Македонија и Кејот 13 Ноември, Општината одредува каде е дозволено, а каде не е дозволено да се поставува урбана опрема. Газдите на локалите за да имаат тераса пред локалот ќе треба да имаат дозвола од 50 отсто од станарите на зградата. На површината каде ќе се поставуваат маси и столици да има слободна проодна површина од 2,5 метри почнувајќи од рабниците или велосипедските патеки. На оние тротоари каде има дрва, столбови или друга опрема тогаш просторот за пешаци не треба да биде помал од 1,2 метри.

    Од Инспекторатот најавуваат и засилена наплата на комуналната такса за користење на јавната површина. Според информациите на САКАМДАКАЖАМ.МК, досега никој од кафеанџиите не плаќал комунална такса, а лани биле наплатени само 300 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира