КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ СЕ РЕНОВИРА, А ПАРКИНГОТ ЗАД „ТЕЛЕКОМ“ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ, РАСКОПАН И БЕЗ СВЕТЛО

    КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ СЕ РЕНОВИРА, А ПАРКИНГОТ ЗАД „ТЕЛЕКОМ“ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ, РАСКОПАН И БЕЗ СВЕТЛОНа само неколку метри од ова ругло се одвиваат градежните работи за реконструкцијата на кејот, но во обновата овој дел нема да биде опфатен. (Фото: СДК.МК)

    Паркингот што се наоѓа зад зградата на „Телеком“ на кејот 13 Ноември е затрупан со ѓубре кое се расфрла од контејнерите, со дупки и прокопи на секој чекор, расфрлени градежни материјали и кабаст отпад. Паркингот нема осветлување и иако станува збор за простор во строгиот центар на градот никој не го одржува, ниту го чисти.

    На само неколку метри од ова ругло се одвиваат градежните работи за реконструкцијата на кејот, но во обновата овој дел нема да биде опфатен. Целиот кеј ќе добие нов плочник и урбана опрема, а овој дел ќе остане несреден и затрупан во ѓубре.

    Од Град Скопје велат дека на овој простор со Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ било предвидено да се гради катна гаража. Со измените и новиот план кој се прави маркичката ќе биде избришана и тој простор ќе се уреди.

    „Тој дел ќе остане слободен простор. Околу има неколку фирми и се надевам дека ќе успееме да ја разбудиме општествената одговорност кај нив и да го уредиме тој простор да изгледа сосем поинаку од сега“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира