КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА СЕМАФОРИТЕ КОН СТРАЖА НА ПАТОТ ЗА ОХРИД

    КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА СЕМАФОРИТЕ КОН СТРАЖА НА ПАТОТ ЗА ОХРИДНа патот има и камиони иако во летната сезона за време на викенд забрането е движење на товарни возила (Фото: СДК.МК)

    Колоните возила што чекаат на семафорите кај мостовите на патот Гостивар – Кичево во правец кон превојот Стража стигнуваат и до Гостивар, реагираат на социјалните мрежи патници кои патуваат кон туристичките центри Маврово, Охрид и Струга.

    На патот има и камиони иако во летната сезона за време на викенд забрането е движење на товарни возила.

    Покрај двата семафора во близина на двоењето за Маврово, застој има и кај Тајмиште близу Кичево, поради работа на патот, па возилата се пропуштаат наизменично во двата правца.

    Од полициската станица во Гостивар велат дека колоните се поради многуте возила што се движат во тој правец и до сега немаат пријава за некаква непријатност. На семафорите дојде полициска патрола за регулирање на сообраќајот дури после 11.30 часот, иако од спротивниот правец кон Гостивар возилата се движат во многу помал број.

    Мостовите на оваа делница се реконструираат веќе трета година и секое лето се случуваат вакви колони во ек на туристичката сезона. Јавното претпријатие за државни патишта нема коментар за застоите на патиштата.

    Дополнителен проблем е што некои возачи ја претекнуваат колоната и прават уште поголем застој бидејќи не можат да се разминат со возилата.

    Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари минатата недела побара од полицијата да не ги казнува во лето возачите оти има многу гастарбајтери што дошле летово дома, за да не им се уништува одморот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира