КИРАЦОВСКИ ГИ ХРАБРЕШЕ ВРАБОТЕНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ПРИТИСОЦИ, ДИРЕКТОРИТЕ НЕГО ГО ОБВИНИЈА ЗА ПРИТИСОК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КИРАЦОВСКИ ГИ ХРАБРЕШЕ ВРАБОТЕНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ПРИТИСОЦИ, ДИРЕКТОРИТЕ НЕГО ГО ОБВИНИЈА ЗА ПРИТИСОК

    Посетата на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски ја наелектризира атмосферата во jaвните институции во Битола. Тој тргна во обиколка на општината и претпријатијата „Стрежево“  и „Комуналец“ да ги охрабри вработените да пријават евентуални притисоци и закани пред престојните парламентарни избори, а директорите него го обвинија дека врши притисок.

    Марјан Геровски, директор на претпријатието „Стрежево“ изјави дека ваквата посета на Кирацовски ја доживеал како притисок. Го обвини дека се преставил оти доаѓа во името на министерството, а документите  што им ги оставил немале ни печат , ни архивски број.

    „Дали притисокот кој тој кажуваше дека го прави раководството во некои институции врз администрацијата е всушност обратно? Дали ова што го прави дополнителниот заменик министер не е всушност притисок врз нас како раководители? Од  ‘Стрежево’ имало само една дојава во изминатиот период, во која некој од вработените се жалел дека работел дополнително за празник. Дали е тоа работа на дополнителниот заменик министер?“,  праша Геровски.

    И директорот на ЈП „Комуналец“, Зоран Соклевски, рече дека во неговото претпријатие немало притисоци, па праша дали се работи за некаков театар.

    Со соопштение дека Кирацовски врши притисок се огласи и Општина Битола. Од таму реагираат дека промотивните материјали  кои им го оставил на вработените за да пријават притисоци ја содржат неговата лична адреса.

    Заменик министерот Кирацовски изјави дека како дополнителен заменик министер има законско право да посети институции каде има јавна администрација. Тој објасни дека посетите се со цел да се охрабрат вработените да пријавуваат политички притисоци и закани, за изборите да бидат фер и демократски . На раководителите пак им порача да не вршат политичко влијание врз вработените, зашто според законот, се добива казна затвор од 3 до 5 години.

    „На веб страната добивме бројни дојави за неправилности кои се случувале на минатите изборни циклуси и во блиско минато во повеќе институции низ земјава. Притисоците се однесувале на опомени од намалување на плата ако не се заврши партиската задача, дисциплински мерки, можност за прераспоредување надвор од местото на живеење“, изјави Кирацовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира