КЛАСНЕТО И ДРУЖИНАТА ВО БИТОЛА ИСЧИСТИЈА ДЕЛ ОД ДЕПОНИИТЕ КАЈ „ШЕХЕРЕЗАДА“, КОМПЛЕКС СО ПРИВАТНИ ФИРМИ

    КЛАСНЕТО И ДРУЖИНАТА ВО БИТОЛА ИСЧИСТИЈА ДЕЛ ОД ДЕПОНИИТЕ КАЈ „ШЕХЕРЕЗАДА“, КОМПЛЕКС СО ПРИВАТНИ ФИРМИЗа да се исчисти цела депонија кај „Шехерезда“ која е во близина на контејнерите, потребна е поголема акција и механизација. (Фото: Мети си со класнето)

    Еко дружината „Мети си со класнето“ е повторно во акција, исчистија дел од ѓубрето што подолго време се фрлало во каналите кај деловниот комплекс „Шехерезада“ во центарот на Битола, каде има адвокатски канцеларии и други приватни бизнис. Професорката Марија Магдалена Петковска-Микаровска, наречена Класнето, заедно со ученички од Средното медицинско училиште како волонтерки наполнија неколку вреќи со смет, што битолчани го фрлале на улица или во каналите од надворешната страна на комплексот како да е контејнер.

    Собраа и четири шишиња со пикавци кои биле тресени од пепелници директно во тревниците. Контејнерите каде сметот можел да се одлага се само на 10-тина метри од местото каде чистеа, но очигледно им биле далеку на оние кои фрлале околу себе.

    „Имаме многу прашања кои лебдат во воздух. Несфатливо е како, покрај толку правни субјекти во комплексот, нема информација дека некој го пријавил сметот, ако го пријавиле нека кажат каде, зошто не се реагирало, зошто нема казни? Додека чистевме поминаа комуналците и ги испразнија контејнерите, но не и ѓубрето околу нив. Се соочивме со дилеми кој е одговорен да го исчисти тоа што е отстрана, каде да се пријави, кој треба да биде казнет и слично. А за контрадикторноста да биде уште поголема, на чекор од местото каде што чистевме е Исак џамија, цут чиста, ете тие нека не̍ научат како се одржува“, вели Класнето.

    За да се исчисти цела депонија кај „Шехерезда“ која е во близина на контејнерите, потребна е поголема акција и механизација.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира