КОЛКУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ИЗНОСОТ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ ЗАВИСИ ОД НОВИОТ БУЏЕТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА

    КОЛКУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ИЗНОСОТ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ ЗАВИСИ ОД НОВИОТ БУЏЕТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКАМинистерката Јаневска, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски и градоначалникот Иван Јорданов им посакаа успех на новозапипшаните 1.200 домашни и 350 странски студенти. (Фото: СДК.МК)

    „Предвидуваме во буџетот за наредната година да има зголемување на износот за студентскиот оброк, а за колку ќе биде тоа зголемување се зависи од новот буџет што ќе биде донесен за 2025 “, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот прием на бруцошите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

    Постојниот изност за студентски оброк изнесува 140 денари, но според сите оценки тој е минимален со оглед на постојаната инфлација. Рокот за пријавување траеше од 15 август до 5 септември. Правото за субвенционирање на студенстки оброк не може да се остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која студентот се стекнал со тоа право, како и за време на државните празници и неработни денови. Износто за студентскиот оброк е достапен за користење на сметка до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота.

    Јаневска најави дека во идниот буџет ќе се предвидат и повеќе средства за реконструкција на студентските домови и тоа не само двата дома во Скопје, туку и во другите места сѐ додека не заврши рекострукцијата на сите, за да имаат студентите подобри услови за студирање. Исто така, рече дека се изменети и неколку правилници, па сега и оние студенти кои имаат 180 кредити можат да аплицираат за постдипломски студии, како и за педагошкото студирање.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира