КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ПОСТАВИ НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА ЦЕВКА НА МОСТОТ ВО НОВО СЕЛО, КАДЕ СО ГОДИНИ СЕ ФРЛА КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ

    КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ПОСТАВИ НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА ЦЕВКА НА МОСТОТ ВО НОВО СЕЛО, КАДЕ СО ГОДИНИ СЕ ФРЛА КРСТОТ ЗА ВОДИЦИНовите цевки веќе се набавени и во наредните неколку дена ќе бидат поставени на мостот (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од десет години, старата канализациона цевка поставена долж мостот во штипско Ново Село на реката Брегалница испушташе фекалии, а со години од тој мост за празникот Водици се фрлаше крстот и по него скокаа стотина луѓе.

    Во изминатите години, локалната власт изврши неколку санации на мостот и на канализациониот цевковод, но во населбата и натаму се ширеше неподнослива реа, па Општина Штип реши да стави крај на овој комунален проблем и на местото на дотраената и пукната цевка, која оди во колекторскиот систем, да стави нова.

    „Изготвивме посебен проект за санација на пукнатата канализациона цевка на мостот, која е со голем профил и на нејзино место да поставиме нова цевка, која ќе ги апсорбира сите фекалии и ќе ги носи до колекторскиот систем. Новите цевки веќе се набавени и во наредните неколку дена ќе бидат поставени на мостот и проблемот конечно ќе биде решен. Настојуваме тоа да се случи брзо, за да може традицијата на фрлање крст од мостот во Брегалница да продолжи“, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

    Општина Штип издвоила над два милиона денари за решавањето на овој проблем, за кој, како што велат, имало реакции од повеќе страни.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира