КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ИВАН ЈОРДАНОВ ГО ПОЧНУВА ВТОРИОТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ

    КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ИВАН ЈОРДАНОВ ГО ПОЧНУВА ВТОРИОТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТИ во новиот состав на Советот ВМРО-ДПМНЕ ќе го има апсолутното мнозинство (Фото: СДК.МК)

    Реизбраниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, на денешната конститутивна седница на Советот на Општина Штип од Изборната комисија го доби уверението за втор мандат. Јорданов (37) беше пратеник во Собранието од 2020 до 2021, кога на локалните избори стана еден од тројцата најмлади градоначалници во Македонија, и тоа уште во првиот круг.

    На неодамнешните локални избори Јорданов повторно ја доби довербата на граѓаните и стана првиот штипски градоначалник со втор мандат.

    На свечената седница на Советот, Јорданов кажа дека продолжува со интензивната работа за реализација на нови проекти и за завршување на старите кои се во тек, но побара максимална работа и ангажираност и од вработените во локалната самоуправа.

    На седницата им беа врачени уверенијата и на 23-цата советници: 16 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, два од Левица и еден од ЗНАМ.

    И во претходниот состав на Советот ВМРО-ДПМНЕ го имаше апсолутното мнозинство, а новиот состав ја започна својата работа во реновираната сала.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира