КОЦЕ ДОЗВОЛУВА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА ПАРКИРА НА ТРОТОАР, НО НЕ И БРЗА ПОМОШ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОЦЕ ДОЗВОЛУВА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА ПАРКИРА НА ТРОТОАР, НО НЕ И БРЗА ПОМОШ

    Столпчињата против паркирање на тротоарот на булеварот Партизански одреди во Скопје сѐ уште се исечени пред Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, иако пред 3 месеци Град Скопје вети дека пак ќе ги постави. Столпчиња има по целата должина на Партизанска, но Дирекцијата е привилеграна – Градот прво постави столпчиња и пред нејзиниот влез, но за кусо време дојдоа работници, ги исекоа и овозможија пристап од булеварот.stolpcinja-ambulanta-28989238932

    Таква привилегија не доби и поликлиниката Неуромедика, која е на околу 200 метри подалеку од Дирекцијата, и чиј влез е целосно блокиран од столпчињата па дури нема оставено место ни за да може возило на Брза помош да влезе на тротоарот.

    Столпчињата против паркирање на тротоарот на булеварот Партизански одреди го претворија во паркинг коловозот. Велосипедската патека е слободна, но блокирана од испаркирани коли е крајната десна лента. По целата должина на булеварот каде што Град Скопје постави столпчиња, паркираните коли одземаат една коловозна лента, но најлошо е на делот околу Универзална сала. Овде се случува да има коли паркирани и во два реда покрај тротоарите. Полиција нема, а не доаѓа ниту Пајак службата на Град Скопје. Скопјани, од досегашното функционирање на Пајакот, научија дека во период пред избори оваа служба не ги крева колите, па паркираат каде стигнат.

    На локалните жители, пак, највеќе им боде в очи привилегираното паркирање за вработените во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. За нив Град Скопје направи исклучок од правилото за забрането паркирање на тротоарите и на велосипедската патека. Од Градот во ноември минатата година убедуваа дека никој нема да биде привилегиран и објаснуваа дека нема пресечени столпчиња туку дека новното поставување е во тек.

    „Град Скопје плански го реализира проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки. Составен дел на проектот е и заштитата на патеките со поставување на столпчиња и заштитни реквизити. Град Скопје не отстапува од планските мерки за заштита на просторот и насекаде кај што се проектират патеките и просторот се усогласува со ГУП-от и ДУП-овите ќе биде поставена заштита. Заштитата на пешачко-велосипедските патеки ќе се спроведе и на посочената локација кај Дирекцијата  на почетокот на булеварот Партизански одреди. Засега се ископани дупки и наскоро ќе бидат поставени заштитни столпчиња, независно од потребите на субјектите кои имаат деловен простор во зградите“, рекоа од Градот лани во ноември.

    Три месеци подоцна, столпчиња пред Дирекцијата, нема. Има остатоци од исечените железа на местата каде што првично беа поставени столпчињата, а на тротоарот стојат и механизамите за резервиран паркинг.

    Жителите околу Дирекцијата, го обвинија Градот за селективна правда и излегоа на штрајк на булеварот за да го покажат револтот од одлуката да се укинат паркинг местата на тротоарот, но не успеаја да ги предомислат градските власти. Столпчињата беа поставени, со исклучок на оние пред Дирекцијата кои се отстранети за да можат да паркираат дел од вработените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира