ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА КАРТИЧКИТЕ ЗА АВТОБУС „СКОПСКА“ ЌЕ СЕ КУПУВААТ САМО ВО БИЛЕТАРНИЦИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

    ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА КАРТИЧКИТЕ ЗА АВТОБУС „СКОПСКА“ ЌЕ СЕ КУПУВААТ САМО ВО БИЛЕТАРНИЦИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“Од ЈСП „Скопје“ информираат дека денеска истекол договорот со дистрибутерот на картичките во продажните места низ Скопје. Во иднина дистрибуцијата нема да ја врши приватна фирма туку јавното претпријатие, па поради тоа потребни се неколку дена да се преземе системот. (Фото: СДК.МК)

    Купување и надополнување на автобуските картички „Скопска“ од денес нема да може да се врши во трафиките туку само во билетарниците на ЈСП „Скопје“.

    Од ЈСП „Скопје“ информираат дека денеска истекол договорот со дистрибутерот на картичките во продажните места низ Скопје. Во иднина дистрибуцијата нема да ја врши приватна фирма туку јавното претпријатие, па поради тоа потребни се неколку дена да се преземе системот. Од претпријатието очекуваат до крајот на неделава да продолжи продажбата во трафиките а дотогаш граѓаните ќе може да купуваат картички само во 32 билетарници на ЈСП „Скопје“.

    „ЈСП ’Скопје‘ навремено се подготви за решавање на оваа ситуација, потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција. Пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имаме склучено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвено решение, со кое многу наскоро продажба на нашите услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Досега покрај во продажните места на ЈСП „Скопје“ електронски картички можеше да се купат или надополнат уште во 54 продажни места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира