Кумановската полиција поднесе кривична пријава за убиство против Енвер Бајрамовски (33) од Куманово, кој му нанесе фатални повреди на полицаецот Горан Станишевски (36) од Куманово. Убиството се случи на 30 јули годинава околу 22 часот, кога Бајрамовски со кујнски нож го прободе во грбот Станишевски.
Полицаецот со уште тројца колеги, постапувал по пријава за семејно насилство во куќата на Бајрамовски на улицата Средорек во Куманово. Кога со возило на брза помош влегле во дворот и во куќата тој почнал да викал и да фрла стаклени предмети кон полицајците. При совладувањето насилникот пружал силен отпор, а во еден момент се отргнал и земал кујнски нож, со кој замавнал, при што му нанел убодна рана на Станишковски. Кратко по повредувањето полицаецот починал. Бајрамовски имал здравствени проблеми и повеќе од 20 години се лекувал во психијатриската болница во Бардовци.
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА УБИЕЦОТ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.