КРИВОЛОВ ГОНИ САМО ЕДЕН ИНСПЕКТОР ВО ЦЕЛА ЗЕМЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРИВОЛОВ ГОНИ САМО ЕДЕН ИНСПЕКТОР ВО ЦЕЛА ЗЕМЈА

    Во моментов во земјава  официјално, инспектор за лов има само еден и тоа во Скопје.  На шумските инспектори по општините, кои имаат овластувања да вршат надзор и во областа на ловот, сѐ уште не им се продолжени лиценците.

    Тие пред половина година полагале, но сѐ уште немат добиено  потврди дека може да постапуваат и за прекршоци во ловот. Затоа, секој записник за откриена неправилност за поведување кривична пријава во оваа сфера се препраќа до Скопје, додека кога станува збор за прекршочна одлучуваат самите ловни друштва и соодветната комисија при Министерството за земјоделство.

    Министерството за земјоделство не одговори зошто инспекторите уште не ги добиле потврдите.

    Само во струмичко има пет ловни друштва со околу 1.200 членови. Според нив, последниве години значително е намален криволовот. Нивните служби се постојано на терен за да утврдат дали се врши лов кога има забрана и дали ловџиите имаат соодветна документација.  Во вакви случаи реагираат до одговорните инспектори.

    Од ловните друштва велат дека контуинирано водат грижа за дивечот во ловишатата кои се добиени под концесии. Тоа го покажаа и изминатиов период. За време на ниските температури  и снегот на повеќе ловишта оставаа зрнеста храна, компир, зелка и сено. Паралелно имаат и свои одгледувалишта каде  го размножуваат дивечот и го пуштаат по ловиштата.  ЛД„Фазан“ има одгледувалиште на околу 0,2 хектари каде чуваат и се грижат за 40-на диви свињи, елени лопатари но и прелетен дивеч. Напролет планираат да ги пуштат по ловишта со кои стопанисуваат.

    „Наша задача не е само отстрел на дивечот кој е штетен, туку и грижа за животните. Деновиве постојано остававме храна која сами ја набавивме. Повеке стотина килограми пченка, компир и луцерка е оставена по планините каде има најмногу дива свиња, срни, зајаци, но и прелетен дивеч“, вели Димитар Арапов од ЛД „Беласица“.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира