СО КРШЕЊЕ ШИШЕ ШАМПАЊ ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ВОДОВОД ВО ГЕВГЕЛИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Гевгелија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО КРШЕЊЕ ШИШЕ ШАМПАЊ ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ВОДОВОД ВО ГЕВГЕЛИЈА

    До крајот на годинава околу 17 илјади жители на Гевгелија треба добијат поквалитетно водоснабдување. Денеска на „Мрзенски рид“, евроамбасадорот Самуел Жбогар заедно со градоначалникот Иван Франгов и министерот за финансии Кирил Миновски го означија стартот на изградбата на четири бунари, пумпни станици, станици за хлорофикација, резервоар за вода со капацитет од 1.000 метри кубни, кои ќе придонесат квалитетно да се реши водоснабдувањето на Гевгелија и населените места Стојаково и Селемли од општина Богданци.

    Почетокот на работите за изградба на новиот систем за водоснабдување, првиот човек на Гевгелија Иван Франгов го означи со кршење шампањско од корпата на багерот што работеше, при што ги покани сите гости на 17 ноември да присуствуваат на пуштањето на системот.

    За подобрување на системот за водоснабдување на Гевгелија се обезбедени вкупно милион и 710 илјади евра од Светска Банка преку министерството за финансии, Европската инвестициона банка преку транспорт и врски, но и од ЕУ и од државата.
    „Благодарение на овој проект за кој општина Гевгелија обезбеди средства од повеќе фондови ќе се обезбеди квалитетна вода за пиење со што ќе се зачува здравјето  на населението, ќе се зголемат заштедите на домаќинствата и ќе се унапреди локалното стопанство“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

    Почетокот на работите за изградба на новиот систем за водоснабдување, првиот човек на Гевгелија Иван Франгов го означи со кршење шампањско од корпата на багерот што работеше, при што ги покани сите гости на 17 ноември да присуствуваат на пуштањето на системот.

    Гевгеличани ја пијат водата од градскиот водовод, иако пред три години Агенцијата за храна и ветеринарство донесе забрана за користење на водата поради погoлемо присуство на арсен од дозволеното. Општинските власти, пак, тврдат дека водата од градскиот водовод е здрава и безбедна и дека граѓански организации со средства од Соросовиот Институт отворено општество намерно сакаат да му наштетат на градот и сегашната раководна гарнитура. (В.Т.)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира