КУМАНОВЕЦОТ ШТО ЦРТАШЕ КУКАСТИ КРСТОВИ СО ТРАНСПАРЕНТ УПАДНА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТOT НА ОПШТИНАТА

    КУМАНОВЕЦОТ ШТО ЦРТАШЕ КУКАСТИ КРСТОВИ СО ТРАНСПАРЕНТ УПАДНА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТOT НА ОПШТИНАТАКумановецот М.З. што нацрта кукаст крст и го исчкрта споменикот на Јосип Броз Тито, денеска со транспарент упадна на седница на Советот на Општина Куманово (Фото: СДК.МК)

    На М. З. (60) денеска му беше поднесена прекршочна пријава по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што вечерта на 25 мај го исчкрта со графити споменикот на Јосип Броз Тито во центарот на Куманово. По три дена, вчера сам се предаде на полицијата (Фото: СДК.МК)

    Кумановецот М.З. што нацрта кукаст крст и го исчкрта споменикот на Јосип Броз Тито, денеска со транспарент упадна на седница на Советот на Општина Куманово. Притоа ја остави книгата „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски и побара да ја прочита градоначалникот Максим Димитриевски, кој не беше присутен на седницата, а го повика и на телевизиски дуел, по што со негодување си замина од салата. М.З. зборуваше дека Куманово е заробено 80 години од комунистите и титовистите, и време е да се ослободи. Toj побарал од претседатлката на Советот Атина Мургашанска, градоначалникот Димитриевски да му ја врати кога „Небеска Тимјановна“ ќе ја прочита .

    Мургашанска побара од службите М. З. да биде изведен од салата и да не го нарушува јавниот ред и мир, но не ја прекина седницата.

    „Остануваме транспрентни и отворени граѓаните да присуствуваат на седниците, но мора да се пријават и да го почитуваат деловникот и да не го нарушуваат редот и мирот. Во наредниот период ќе размислиме да ги зајакнеме контролите за влез и излез во салата“, изјави Мургашанска.

    Инцидентот се случи во директен телевизиски пренос, па некој го пријавил случајот во полиција. Пред салата на Советот пристигна полициско комбе, но М. З. си заминал. Претседателката на Советот беше повикана во станица да даде изјава за целиот настан.

    На М. З. (60) денеска му беше поднесена прекршочна пријава по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што вечерта на 25 мај го исчкрта со графити споменикот на Јосип Броз Тито во центарот на Куманово. По три дена, вчера сам се предаде на полицијата. Изјавил дека споменикот го вандализирал затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите.
    Тој побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.

     С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира