КУМАНОВСКАТА КАСАРНА СЕ РЕНОВИРА ОТИ 6 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ СЕДИШТЕ НА КОМАНДАТА НА БРИГАДАТА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

    КУМАНОВСКАТА КАСАРНА СЕ РЕНОВИРА ОТИ 6 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ СЕДИШТЕ НА КОМАНДАТА НА БРИГАДАТА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПАОд септември годинава, Македонија ќе биде домаќин на една од најсилните регионални инцијативи, каде што ќе престојуваат педесетина припадници на вооружените сили на земјите членки на оваа група; - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети кумановската касарна „Боро Менков“. (Фото: СДК.МК)

    Се реновира еден од објектите во кумановската касарна „Боро Менков“, каде во наредните 6 години ќе биде сместена Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ). Објектот мора да обезбеди просторни услови по новите стандарди, како канцеларии за состаноци, канцеларии за работа и современи простории за исхрана, а подоцна нашата армијата ќе го користи како репрезентативен обејкт за потребите на Здружената опративна команда на АРМ.

    Од септември годинава, Македонија ќе биде домаќин на една од најсилните регионални инцијативи, каде што ќе престојуваат педесетина припадници на вооружените сили на земјите членки на оваа група.

    СЕЕБРИГ е најзначаен и најкомплексен проект во регионалната Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа на полето на одбраната. Бригадата е формирана во 1999, со претходно потпишување на договор во Скопје од министрите за одбрана на нашата земја, Грција, Турција, Романија, Бугарија и Албанија.

    „Во годината кога станавме членка на НАТО, станавме и домаќини на оваа важна регионална инцијатива и очекуваме сите подготовки за командата да бидат завршени уште во месец јуни, за да можеме да го официјализираме почетокот на нашиот мандат како домаќин на бригадата на ЈИЕ. Кога командата ќе замине, ова ќе биде нов обновен објект на нашата Армија и како таков ќе биде дел од реновирањето на објектите којшто го стартувавме уште минатата година“, изјави министерката Радмила Шекеринска, која денеска дојде на терен за да види како напредуваат градежните работи.

    За реконструкција на објектот ќе бида потрошени над 60 милиони денари (околу 980.000 евра), кои ги обезбеди државата, а на објектот ќе му се задржи автентичниот изглед.

    Министерката додаде дека паралелно течат уште неколку големи реконструкции на објекти во армијата, три во касарната Илинден, во Штип и Прилеп, со цел да се подобрат условите за работа.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира