КУМАНОВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ПРОТИВ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ДЕДО ЉУБЕ

    КУМАНОВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ПРОТИВ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ДЕДО ЉУБЕЉубомир Митев (79) беше ослободен од Основниот суд Куманово од обвинението за обид за убиство и ранување на напаѓачот во неговиот дом, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружје. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Куманово, со која го ослободи од вина Љубомир Митев (79) од Којково, Кратовско, за обид на убиство во миг и ранување на напаѓачот во неговиот дом и во делот на условната казна за поседување на оружјето.

    По жалбата ќе одлучува Апелациониот суд во Скопје, кој може пресудата да ја преиначи, потврди или укине. Адвокатот
    на дедо Љубе, Христијан Георгиевски, изненаден е од одлуката на Кумановското обвинителство, но вели дека им останува да ја продолжат правната битка до целосно ослободување на дедо Љубе.

    „Апсолутно сум изненаден од изјавената жалба на ОЈО Куманово на пресудата за дедо Љубе, сметам дека постапката требаше да заврши со првостепената пресуда, која е целосно правилна, законита и согласно Уставот. Со ова се продолжи нашата правна битка и правдата ќе ја бараме пред Апелациониот суд во Скопје“, изјави адвокатот Георгиевски.

    Пресудата ја донесе кривичниот совет со судијата Љубомир Ѓорѓевиќ на 11 ноември годинава, по 6 годишна правна битка во судот. Митев е ослободен е од обвинението за обид за убиство и ранување на напаѓачот во неговиот дом, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружје.

    Разбојништвото, кое со години ја брануваше македонската јавност, се случи на 27 февруари 2013 во планинското село Којково, кога двајцата натрапници Зоран Златков (28) и Борчо Иванов (30), насилно влегле во домот на двајцата старци и ги нападнале. По неколкучасовно малтретирање, дедо Љубе го искористил невниманието на разбојниците и се одврзал. Заминал во подрумот и ја земал ловечката пушка од која пукал, при што го убил Златков, а го ранил Иванов, кој е осуден на 8 години затвор.

    Судењето на Љубе се развлече, бидејќи во април 2015 по барање на неговите адвокати, поради одредени пропусти обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Тој беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје.

    ОЈО Куманово го повлече обвинението за кривично дело „убиство во миг“, па во Основниот суд Куманово му се судеше за кривичните дела обид за убиство во миг и недозволено држење на оружје. Јавноста во текот на целото судење бараше ослободителна пресуда за дедо Љубе, бидејќи насилниците го нападнале во неговиот дом, па тој пукал во самоодбрана за да се спаси.

    С.  НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира