КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ВЕЛЕС ГО МЕРИ САМО УШТЕ СТАНИЦАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, А И ТАА Е СТАРА

    КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ВЕЛЕС ГО МЕРИ САМО УШТЕ СТАНИЦАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, А И ТАА Е СТАРАВо Велес има зачестена појава на респираторни болести кај детската популација како последица на загадениот воздух (Фото: СДК.МК)

    Мерната станица на Центарот за јавно здравје во Велес е стара и дотраена и кога таа ќе откаже нема да се знае каков е квалитетот на воздухот што го дишат велешани. Мерните апарати на Министерството за животна средина и просторно планирање една година не се во функција.

    „Квалитетот на воздухот се следеше на три мерни места, но поради дотраеност на апаратурата, сега се мери само на едно, во Нова населба. Без тој апарат, нема да можат да се мерат тешки метали. Лани квалитетот на воздухот беше далеку подобар во однос на годините пред 2003, што е резултат на неработењето на Топилницата“, рече спец. д-р Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

    Во 2018 во Велес имало само два дена со сулфурен диоксид над максимално дозволените концентрации, а чадот девет дена и тоа во време на грејна сезона или има сезонски карактер. Тешките метали олово и кадмиум се во рамките на граничните вредности и препораките на СЗО и далеку под нив.

    Ова се годишните резултати за квалитетот на воздухот кој го дишат велешани, добиени од мерните станици на Центарот за јавно здравје. Тие се на 24 часа и различни се од мерните резултати на станицата на Инспекторатот за животна средина, кои се получасовни. За жал, тие подолго време не работат и нема информација за суспендираните честички ПМ10, така што велешани не знаат колку ги има во воздухот. Прашината во воздухот во Велес се мери на седум мерни места, а присуството на олово и кадмиум било во гранични вредности.

    „Врз основа на податоците од здравствената статистика, може да се заклучи дека има зачестена појава на респираторни болести кај детската популација во Велес, како последица на штетните елементи од загадениот воздух“, додаде д-р Петрова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира