ЛАНИ ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ САМО 230 ТОНЕРИ ЗА ОТПАД, ПРЕМАЛКУ ОД ОНА ШТО ГО ТРОШАТ ИНСТИТУЦИИТЕ

    ЛАНИ ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ САМО 230 ТОНЕРИ ЗА ОТПАД, ПРЕМАЛКУ ОД ОНА ШТО ГО ТРОШАТ ИНСТИТУЦИИТЕВо Велес не постои организирано собирање на искористениот тонер (Фото: СДК.МК)

    Треба да се подига јавната свест за организирано собирање на искористениот тонер, бидејќи фрлен како отпад, тој тешко се разградува, вели сопственик на фирма која продава тонери, што се користи при печатење на хартија. Тој реагираше по информацијата дека во Велес лани биле собрани само 230 тонери.

    „Тоа е количество што една здравствена институција го троши за административни работи за два-три месеци, така што собраното количество е премало. Треба да се подига јавната свест за да се собира искористениот тонер. Затоа мислам дека локалната власт треба да донесе одредба со која институцијата би била обврзана набавената количина да ја врати на дистрибутерот откако ќе ја искористи, кој пак ќе ја предаде на овластен собирач на опасен отпад. Или можеби да се собира искористениот тонер од фирмите, како што се собира картонската амбалажа од трговијата во Велес“, вели сопственикот на фирма за тонери.

    Иако бројката од 230 собрани тонери е мала, тоа е сепак најмногу во изминатите четири години, кога се движела од 197 до 217 парчиња. Лани во прва таква акција биле собрани и 270 отпадни акумулатори, сите од велешка „Маслодајна“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира