ЛЕКАРИТЕ ОД СТРУШКИОТ ЗАВОД ЗА НЕФРОЛОГИЈА НЕЗАДОВОЛНИ ОД ВРАЌАЊЕТО НА СТАРИОТ ДИРЕКТОР, ТАРАВАРИ ВЕЛИ ЌЕ ГИ СМЕНИ СИТЕ НЕУСПЕШНИ

    ЛЕКАРИТЕ ОД СТРУШКИОТ ЗАВОД ЗА НЕФРОЛОГИЈА НЕЗАДОВОЛНИ ОД ВРАЌАЊЕТО НА СТАРИОТ ДИРЕКТОР, ТАРАВАРИ ВЕЛИ ЌЕ ГИ СМЕНИ СИТЕ НЕУСПЕШНИ„Многупати претходно се обраќавме до поранешниот министер за здравство Никола Тодоров за да кажеме што се случува, но без резултат. И кога на крајот неговата партија ДУИ одлучи да го тргне од оваа позиција, Вие министерот, наш колега, стручен и полн со идеи за јакнење на јавното здравство, во кое ние лекарите препознаваме трошка надеж за подобро јавно здравство, ни го враќате назад!?“, велат лекарите од Заводот за нефрологија-Струга во писменото обраќање до министерот за здравство Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Дел од лекарите и здравствените работници од Заводот за нефрологија Струга реагираат на одлуката на Министерството за здравство за директор на оваа здравствена установа да го постави д-р Сами Мена. Тие во писмена реакција до Министерството, пратена на телефонската линија #ЗдравоТаравари, велат дека се зачудени од решението на министерот Арбен Таравари за директор  повторно да го постави д-р Мена, кој повеќе од 10 години раководел со оваа установа како кадар на ДУИ, и дека за време на своето директорување го уништил реномето на болницата. Од директорската функција бил сменет пред неполна година.

    „Сами Мена за време на своето раководење ја сроза и уништи во целост една од најпрестижните здравствени институции, како кај нас, така и пошироко во регионот и странство. Од корумпираност, до комплетна негрижа за институцијата и персоналот, до лична инволвираност во договорот за концесија на дијализа, со која ни се одзеде дел од зградата и дејноста која е срцето на болницата. Судските спорови со сопствениот средномедицински персонал, кои и покрај советите од правните лица ги водеше до крај и ги загуби, а околу 40.000 евра буџетски пари на установата отидоа во неповрат. Овие факти ги има во последниот извештај за ревизија на Фондот за здравство“, велат лекарите од Заводот за нефрологија-Струга, во писмената реакција до Таравари.

    Тие обвинуваат дека старо новиот директор Сами Мена конгресите за едукација на лекарите ги користел за шопинг тури со својата сопруга, која во Заводот е вработена како медицинска сестра.

    „Многупати претходно се обраќавме до поранешниот министер за здравство Никола Тодоров за да кажеме што се случува, но без резултат. И кога на крајот неговата партија ДУИ одлучи да го тргне од оваа позиција, Вие министерот, наш колега, стручен и полн со идеи за јакнење на Јавното здравство, во кое ние лекарите препознаваме трошка надеж за подобро јавно здравство, ни го враќате назад!?“, велат лекарите од Заводот за нефрологија-Струга во писменото обраќање до Министерството за здравство.

    Таравари вели дека директорот на Заводот за нефрологија-Струга е назначен бидејќи зад него стојат повеќето вработени и пациентите и дека како повеќегодишен директор се памти како успешен раководител на болницата.

    „Не мислам дека случајно бил 10 години директор. Повеќето вработени, па и пациентите мислат дека многу добро ја раководел болницата. Сите директори се вршители на должност. Доколку успешно не работат, ќе бидат сменети“, вели Таравари.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира