ЛУДА МАРА ПИЈАНА ОД КОМИЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛУДА МАРА ПИЈАНА ОД КОМИЊЕ

    Реката Луда Мара се испијани од комиње. Отпадот од грозјето при варењето на ракија во Тиквешко, често место во специјалните контејнери се исфрла во реката која минува низ градот Кавадарци или во градската канализација, а не ретко може да се забележи и како тече по улиците.

    „Уште кога почна сезоната за печење на ракија во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија, апелиравме до кавадарчани да бидат внимателни со комињето. Имаме обезбедено посебни контејнери за таа намена од  пет кубни метри, кои се поставени на 25 локации во градот. Но, некои како за инает, повторно го оставаат отпадот од преработеното грозје во помалите контејнери од  1.1 метар.  Помалите контејнери побрзо се преполнуваат и потоа ние имаме проблем со нивното празнење. Така преполнети не можат да бидат подигнати и испразнети од ѓубрарката. Нашите работници мораат да ги празнат со лопати  рачно,“ Ѓорѓи Поп Ицов, раководител на работната единица за хигиена и зеленило при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

    Комуналец постави посебни контејнери од пет кубни метри за фрлање комиње на 25 локации во градот (Фото: СДК.МК)

    Комуналец постави посебни контејнери од пет кубни метри за фрлање комиње на 25 локации во градот (Фото: СДК.МК)

    Од друга страна, нагласи тој, поради истурање на комиње во канализација доаѓа до затнување на канализационата мрежа. Ваквите проблеми годинава се позачестени поради тоа што поголем број на кавадарчани оставија грозје за домашна преработка, бидејќи беа незадоволни од откупната политика на винариите.

    С. ДАРУДОВА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира