МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХРВАТСКА СЕ СЕТИЈА, ВЕЛЕС НЕ ЈА ОДБЕЛЕЖА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА РАЦИН

    МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХРВАТСКА СЕ СЕТИЈА, ВЕЛЕС НЕ ЈА ОДБЕЛЕЖА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА РАЦИНБројните гости положија цвеќе пред бистата на Рацин во Самобор (Фото: СДК.МК)

    Македонците од Хрватска и градот Самобор ја одбележаа 80-годишнината од печатењето на збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин. Во Музејот на Самобор за неговото дело зборуваа д-р Славчо Ковиловски и д-р Васил Тоциновски, по што беше отворена изложба посветена на Рацин.

    Бројните гости положија цвеќе пред бистата на поетот, меѓу нив и в. д. амбасадорот во Загреб, Назиф Џафери, а стихови на Рацин читаа членови на литературната секција на Друштвото на Македонците од Загреб, „Ленка“.

    Стихозбирката „Бели мугри“, прва на македонски јазик, е отпечатена на 25 ноември 1939 во Самобор, илегално, во печатницата на Јосип Шпилер, во 4.000 примероци. Во неа се најдоа песните „Ленка“, „Денови“, „Тутуноберачите“, „Печал“, „Копачите“ и уште седум други.

    Јубилејот помина без одбележување во родниот Велес, но и во Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира