Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ на претстојните локални избори ќе има двајца кандидати за градоначалници, и тоа во Општина Куманово со актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски и во Општина Центар со актуелниот заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ.
Синоќа на седница на Извршниот и Централниот одбор на ЗНАМ била усвоена одлуката за взаемна соработка со владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници, како и за самостојни советнички листи во повеќе од 50 општини во државата, соопшти партисиот портпарол Никола Мемов.
Мемов кажа дека ваквата одлука значи оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи нивните кандидати и дека во тие општини тие нема да излезат со свој кандидат, а ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и Град Скопје.
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.