МАЛОЛЕТНИК ОД БОГОВИЊЕ СО ПИШТОЛ ГО ЗАСТРЕЛАЛ СВОЈОТ ДРУГАР

    МАЛОЛЕТНИК ОД БОГОВИЊЕ СО ПИШТОЛ ГО ЗАСТРЕЛАЛ СВОЈОТ ДРУГАРТаткото на малолетникот што пукал, заедно со синот, сами се пријавиле во полицијата, при што изјавиле дека тоа се случило од невнимание. (архивска фотографија)

    Петнаесетгодишен малолетник од Боговиње бил застрелан со пиштол од неговиот една година постар другар. Таткото на малолетникот што пукал, заедно со синот, сами се пријавиле во полицијата, при што изјавиле дека тоа се случило од невнимание.

    „На 24.10.2026 година, во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клиничкиот центар во Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15-годишен малолетник од с. Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С. М. (42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с. Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С. М., настанот се случил околу 13:45 часот во с. Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот што го носел неговиот малолетен син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, соопштува СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира