МАЛОЛЕТНИЦИ КРАДЕЛЕ БАКАР ОД ФОНТАНАТА ВО ВИД НА ШТИТОТ НА ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА

    МАЛОЛЕТНИЦИ КРАДЕЛЕ БАКАР ОД ФОНТАНАТА ВО ВИД НА ШТИТОТ НА ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛАФонтаната е дел од споменичниот комплекс поставен во 2011, кој во тоа време беше посветен на Филип Втори (Фото: СДК.МК)

    Тројца малолетници во раните утрински часови се обиделе да украдат бакарна лента од таканаречениот штит на Филип Втори, поточно од фонтаната на плоштадот Магнолија во Битола, изградена пред осум години во форма на штит на антички воин.

    Случаен минувач ги видел крадците и пријавил во битолската полиција. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале. Полицајците спречиле натамошно оштетување на фонтаната и во нејзина близина нашле една бакарна лента од бордурата на штитот, долга четири метри.

    „Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани и истовремено претставуваат слика и белег на градот. Воедно, Општината ги поздравува и охрабрува оние кои пријавуваат вакви настани, со што се спречуваат или намалуваат штетите“, соопштија од Општина Битола.

    Фонтаната е дел од споменичниот комплекс поставен во 2011 година, кој во тоа време беше посветен на Филип Втори. На неа се изработени краци од сонце, а пред фонтаната е споменикот на коњаник.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира