МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ БАГЕР, УДРИЛЕ ВО ПАРКИРАНА КОЛА И ГО ОШТЕТИЛЕ ПАРКОТ ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ

    МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ БАГЕР, УДРИЛЕ ВО ПАРКИРАНА КОЛА И ГО ОШТЕТИЛЕ ПАРКОТ ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦДецата го обиле багерот, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. (Фото: Општина Центар)

    Малолетници  синоќа украле багер во паркот во скопската населба Капиштец, соопшти Општина Центар. Децата го обиле багерот, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. При тоа, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета.

    Полицијата веднаш извршила увид и преземени се сите мерки за утврдување на одговорноста, велат од Општината.

    „Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“,  реагира градоначалникот Горан Герасимовски.

    Овој инцидент следи неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира