МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НАПАДНАТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

    МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НАПАДНАТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО КАВАДАРЦИИнцидентот се случил при утринската распределба на метадон за зависниците. Едно од лицата барало да ја добие дозата за цела недела, не само за еден ден, по што ја нападнал сестрата. (архивска фотографија)

    Медицинска сестра била физички нападната во Центарот за зависници, кој работи во рамките Општата болница Кавадарци. Инцидентот се случил при утринската распределба на метадон за зависниците. Едно од лицата барало да ја добие дозата за цела недела, не само за еден ден, по што ја нападнал сестрата.

    „На 10 септември во полициската станица Кавадарци било пријавено дека околу 8 часот во Центарот за зависници во Кавадарци, лицето О.С.(43) физички нападнал медицинска сестра. Се работи на расчистување на случајот“, вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

    Ова е трет инцидент за напад на медицински персонал за една седница, откако доктор беше претепан во Клиничкиот центар во Тетово на медицинска сестра во Поликлиниката во скопско Драчево.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари