Лице вработено како технички персонал во градинка во Липково, е позитивен на коронавирус, покажал скринингот на вработените во градинките во Североисточниот регион.
Според информации од Центарот за јавно здравје во Куманово, тој е единствен случај од вкупно 314 лица на кои им е направено тестирање минатата недела.
„Направени се тестови на сите вработени во градинките во четири општини. Во Куманово се тестирани 235 лица, во Липково 13, Крива Паланка 50 и Кратово 30. Од вкупниот број има еден заразен во Липково“, вели директорот Ариф Љативи.
Во кумановско денеска се регистрирани шестмина новозаболени, сите од Општина Липково, поточно од селата Слупчане, Матејче, Оризаре и Никуштак.
Досега во кумановскиот регион има заразени 448 лица од коронавирус, од кои 42 се активни и 21 починат.
С.НИКОЛИЌ