„Подобри услови за локалната администрација и простор за поголеми и подобри услуги на граѓаните на Општина Струга“, вака денеска градоначалникот Рамис Мерко го најави свеченото отворање на новата општинска зграда, на кое беше присутен целиот партиски врв на ДУИ но и други политичари и министри од Владата.
„Струга секојдневно сè повеќе и повеќе се развива. Имаме и други решенија, имаме државни објекти кои се оставени на милост и немилост и бараме истите да се отстапат на Општината и ние да ги реновираме во полза на државните институции“, рече Мерко.
Во старата општинска зграда, како што кажа Мерко, ќе бидат сместени Јавното правобранителство, Пазарниот инспекторат, подрачната единица на Министерството за правда и други локални и централни институции.
С. ВРЕНЦОВСКА