МЕСТО ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ, ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ СЕДНАА ВО СОВЕТНИЧКИТЕ КЛУПИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕСТО ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ, ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ СЕДНАА ВО СОВЕТНИЧКИТЕ КЛУПИ

    Тетовските гимназијалци од македонските паралелки, во очекување да се реши нивниот просторен проблем, часовите од наставата ги одржуваат во големата сала на општина Тетово. Наставата се одвива од 7 часот до 13,30 со тоа што учениците од прва до четврта година имаат само по час и половина за следење на наставата, а школскиот час трае петнаесетина минути. Нема училишни табли ниту било какви други помагала. Учениците слушаат, по нешто запишуваат и така им поминува училишниот ден.

    „Знаеме дека ваквиот начин на следење на настава е незаконски, но исто така незаконски е и учениците да немаат соодветен простор за учење. Вака ќе можат колку-толку да ја следат наставата и да не губат од часовите се додека не се реши проблемот со нивното сместување“, велат наставниците кои се приморани на крајно импровизиран начин да ги одржуваат часовите.

    Ни учениците не се задоволни од ваквиот вид настава.

    „Ова е подобро отколку да учиме на плоштадот, но секако следење на настава во општинската зграда не е решение за нас. Што може да научиме ако часот ни трае 10-15 минути. Мора итно да се најде решение за нашиот проблем“ вели Лазар Лукиќ ученик во втора година.

    „Барем овде научивме како не функционира општинската власт“ дофрла еден негов другар додека ја напушта општинската зграда по завршувањето на часовите.

    Времено решение за проблемот се гледа во оспособување на напуштените згради на старото Медицинско училиште, каде забрзано се изведуваат работи за негова адаптација и каде би требало времено да се сместат учениците од македонските паралелки се додека не се изгради нов објект во состав на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ што беше и основно барање на учениците, професорите и нивните родители.

    Иако во почетокот учениците и професорите не беа задоволни од ова решение кое им беше понудено од Општината, тие сепак се согласија времено да учат во старото Медицинско училиште но под одредени услови: да се изврши комплетно реновирање на двата објекти и тоа да се направи до средината на октомври, да се инсталира парно греење, да се реновира електричната инсталација, да се заменат прозорците и ходниците во објектите, да се изградат кабинети за настава и да се опреми училиштето со надгледни срества за непречено одвивање на наставата.

    „Ние интензивно работиме на реконструкцијата на едната зграда од старото Медицинско училиште. Ангажирани се неколку градежни фирми за работата да се одвива побрзо. Ќе ги видиме капацитетите на оваа зграда, а потоа ќе се реконструира и другата зграда. Покрај ова работиме и на добивањето соодветни дозволи од министерствата за градба на новиот објект“ изјави Ахмед Ќазими раководител на секторот за Јавни дејности и образование при општина Тетово.

    Зоран Андонов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира