Министерот за финансии Драган Тевдовски денес ги истрча триесетте километри на Oхридскиот атлетски маратон, за поддршка на децата со ретки болести. Тој на овој маратон учествува по вторпат.
Стартот беше во Свети Наум, а целта во центарот на Охрид. Победник во машка конкуренција беше Кипкорир Бивот од Кенија, а во женкста Црногорката Слаѓана Перуновиќ.
„Со големо задоволство по вторпат учествувам на овој маратон. Оваа година трчав за поддршка на децата со ретки болести. Убаво би било кога во оваа трка би се вклучиле повеќе јавни личности. Наредните години треба да вложиме напори маратонот да стане уште попопуларен”, рече по пристигнувањето на целта министерот Тевдовски.
Д. ЧУБРИЌ