МИНИСТЕРОТ ТЕВДОВСКИ ИСТРЧА 30 КИЛОМЕТРИ ВО ЧЕСТ НА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    МИНИСТЕРОТ ТЕВДОВСКИ ИСТРЧА 30 КИЛОМЕТРИ ВО ЧЕСТ НА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИМинистерот за финансии Драган Тевдовски трчаше на Oхридскиот атлетски маратон (Фото: СДК.МК)

    Министерот за финансии Драган Тевдовски денес ги истрча триесетте километри на Oхридскиот атлетски маратон, за поддршка на децата со ретки болести. Тој на овој маратон учествува по вторпат.

    Стартот беше во Свети Наум, а целта во центарот на Охрид. Победник во машка конкуренција беше Кипкорир Бивот од Кенија, а во женкста Црногорката Слаѓана Перуновиќ.

    „Со големо задоволство по вторпат учествувам на овој маратон. Оваа година трчав за поддршка на децата со ретки болести. Убаво би било кога во оваа трка би се вклучиле повеќе јавни личности. Наредните години треба да вложиме напори маратонот да стане уште попопуларен”, рече по пристигнувањето на целта министерот Тевдовски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира