МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НЕ ДАДЕ ПАРИ ЗА ПРЕТСТАВАТА НА БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НЕ ДАДЕ ПАРИ ЗА ПРЕТСТАВАТА НА БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

    Претставата „Смртта на Јовиќ“ по текст на битолскиот градоначалник Владимир Талески, а во режија на Сашо Миленковски не влезе во Националната програма за култура за 2017 година. Според ова, претставата нема да биде поставена со државни пари на сцената на Народниот театар во Битола. Оваа претстава беше дел од проектите со кои Народниот театар конкурираше до Министерството за култура да добие средства за премиери кои ќе се играат оваа година.

    Од театарот изјавија дека од претставите со кои конкурирале, Министерството за култура одлучило да прифати четири, а две да отфрли, меѓу кои и „Смртта на Јовиќ“. Сепак, од театарската установа планираат да поднесат жалба во законски предвидениот рок за одлуката на министерството.

    Веста дека се планира поставување на сцената на Народниот театар во Битола претстава работена по текст на актуелниот битолски градоначалник Талески, во јавноста се дозна при крајот на минстата година. Тогаш директорот на битолскиот театар Валентин Светозарев изјави дека режисерите со проекти аплицираат до нив, а потоа тие конкурираат до Министерството, нагласувајќи дека театарот не носи одлука кои претстави ќе бидат поддржани од националната програма за култура. Светозарев тогаш додаде дека во театарот му мирува работното место на Талески кој пред да стане градоначалник беше актер. Запрашан дали има конфликт на интереси во случајот, директорт на театарот рече дека за тоа одлучува одлучува Комисија за култура.

    Ова за дел од јавноста значеше обид на Талески да се врати во театарот. Но, деновиве се појавија шпекулации дека ќе се кандидрал за четврти мандат, на што Талески одговори дека сега е во фокусот формирањето на Владата.

    Ж. Здравковска

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира