МИЦКОСКИ, МЕЏИТИ И КАСАМИ КАСНАА БАКЛАВА И ИЗВРШИЈА УВИД ВО ИЗГРАДЕНИОТ ПРВ ДЕЛ ОД ПРОДОЛЖЕНИЕ НА БУЛЕВАР ВО ТЕТОВО ПО КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ОТИ ВТОРИОТ НЕ Е НИ ПОЧНАТ

    МИЦКОСКИ, МЕЏИТИ И КАСАМИ КАСНАА БАКЛАВА И ИЗВРШИЈА УВИД ВО ИЗГРАДЕНИОТ ПРВ ДЕЛ ОД ПРОДОЛЖЕНИЕ НА БУЛЕВАР ВО ТЕТОВО ПО КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ОТИ ВТОРИОТ НЕ Е НИ ПОЧНАТПрвата делница завршува со паркирани багери. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски во придружба на првиот вицепремиер Изет Меџити и повеќе министри од Владата дојдоа кај градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, каснаа баклава и изразија и големо задоволство од тоа како се одвиваат работите на изградбата на првата фаза од продолжението на булеварот Видое Смилески-Бато, од улица Фуштанска до село Порој. Во оваа прва фаза од изградбата на продолжетокот од булеварот комплетно се изградени коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика во должина од 650 метри. Сепак оваа делница од булеварот, иако е комплетно завршена, не ќе може да се користи бидејќи вториот дел, во должина од 1,133 метри, сѐ уште не е изграден. Првата  делница завршува со паркирани багери.

    Сепак оваа делница од булеварот, иако е комплетно завршена, не ќе може да се користи бидејќи вториот дел, во должина од 1,133 метри, сѐ уште не е изграден. (Фото: Влада на РСМ)

    „Чест ми е што можам да присуствувам на еден убав настан важен за Тетово, но и за сите граѓани од Полошкиот Регион кои го користат овој патен правец. Нешто што можеби порано делуваше невозможно, но со напорна работа на градоначалникот, советниците, администрацијата, пратениците, овој проект полека но сигурно ја добива својата димензија и форма. Јас сум убеден дека во таа насока ќе се движат работите“, изјави премиерот Мицкоски.

    Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами рече дека ова е еден од најважните проекти за Тетово реализиран од средства од Општината.

    „Денеска го промовираме еден од најважните проекти за Општина Тетово, реализиран преку инвестициската програма на Општината. Колку што овој проектот важен сам по себе, уште е поважно тоа што со овој проект ги навестуваме инвестициите за Општина Тетово кои што ќе се прават со поддршка на Владата. За периодот 2024-2025 година од Владата ќе бидат поддржани проекти за Општина Тетово во вредност од околу 15 милиони евра“, рече Касами.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира