МЛАДИ ВЕЛЕШАНИ ГИ ПОПРАВИЈА КЛУПИТЕ И ГО ИСЧИСТИЈА ГРАДСКИОТ ПАРК

    МЛАДИ ВЕЛЕШАНИ ГИ ПОПРАВИЈА КЛУПИТЕ И ГО ИСЧИСТИЈА ГРАДСКИОТ ПАРКАкцијата беше организирана од Младински образовен форум (Фото: СДК.МК)

    Со младински активизам, поправени се клупите и беше собран сметот во Градскиот парк во Велес. Ова го работеа членовите на Младинскиот клуб од Велес при Младински образовен форум. Нивната акција беше насловена „Сите за парк-паркот за сите“, при што младите велешани обновија и поправија 14 клупи, од кои три беа целосно репарирани и беа собрани два кубни метра смет од Градски парк.

    „Целта на оваа акција беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност и да се пренесе порака дека младите, како и останатите граѓани на Велес, можат да придонесат за јавните површини преку креативност“, кажа Стефани Спировска, претседателка на Младински образовен форум.

    Акцијата ја спроведе Медиа/Арт клубот Велес, чии членови се млади на возраст од 15-20 години. За акцијата помош добиле и од Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира