МЛАДИТЕ ДО 35 ГОДИНИ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ НЕМА ДА ПЛАЌААТ КОМУНАЛИИ ЗА ГРАДЕЊЕ КУЌА

    МЛАДИТЕ ДО 35 ГОДИНИ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ НЕМА ДА ПЛАЌААТ КОМУНАЛИИ ЗА ГРАДЕЊЕ КУЌАОва право можат да го остварат лицата што имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето, да се жители на Општина Аеродром најмалку две години, да градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост и објектот да се гради исклучиво за лични станбени потреби. (Фото: СДК.МК)

    Општина Аеродром донесе одлука за ослободување од плаќање комуналии за изградба на куќа на лица до 35 години. Оваа одлука беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром.

    Ова право можат да го остварат лицата што имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето, да се жители на Општина Аеродром најмалку две години, да градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост и објектот да се гради исклучиво за лични станбени потреби.

    Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет години.

    „Ослободувањето од комуналии се однесува на изградба на нова индивидуална куќа, доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување и надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом“, велат од Општина Аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира