36-годишниот моторџија Б. А. загина, а друг моторџија е повреден при тешка сообраќајна несреќа на два мотора која се случи денес околу 14,50 часот на патот Битола – Ресен, во близина на црквичката кај Ѓавато. И повредениот моторција Д. К. е битолчанец.
„Од Итната медицинска помош ни е пријавено дека на местото на несреќата подигнале двајца повредени моторџии. За жал, едното лице им подлегнало на повредите на патот за битолската Клиничка болница. Другото е однесено на лекување во болница“, вели Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА