МРСНИ ДАМКИ ПЛОВАТ ПО ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО МЛАДОСТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ НИ ШТО Е НИ КОЈ ГО ИСПУШТИЛ ВО ВОДАТА

    МРСНИ ДАМКИ ПЛОВАТ ПО ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО МЛАДОСТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ НИ ШТО Е НИ КОЈ ГО ИСПУШТИЛ ВО ВОДАТАПовеќе загрижува што и покрај мрсната дамка, вчера попладне имаше капачи во езерото, велат од риболовното задружение „Бабуна“. (Фото: СДК.МК)

    Мрсни дамки пловат по крајбрежјето на езерото Младост кај Велес. Забележани се вчера претпладне, во должина од околу 200 метри. Се наоѓаат покрај плажите во централниот дел на езерото, помеѓу бродот- хотел и уредената плажа. По реакциите дека има угинато риба, на местото увид изврши здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кое стопанисува со рибниот фонд од оваа водена акумулација.

    „Има голема мрсна дамка која е во крабрежниот дел и тоа на локациајта каде водата ја користат капачи. Нема угинато риба, тоа го констатиравме на лице место, едно или две парчиња може да се заборавени од рибар, или од претходно. Повеќе загрижува што и покрај мрсната дамка, вчера попладне имаше капачи во водата“, рече  Ангел Трајчевски, член на раководството на „Бабуна“.

    За еко-инцидентот реагираат и екологистите од „Вила Зора“, кои посочуваат дека имало неколку парчиња риба кои пливале по површината, но не и помор.

    „Ова се случува секоја година, за жал. Мрсната дамка ја имаше, а од кого или од што е предизвикана, одговор треба да дадат надлежните. Како еколошко друштво ги информиравме локалните власти“, рече Олгица Наумоска од „Вила Зора“.

    Од локалната власт кратко соопштија дека биле на местото каде е забележана мрсната дамка, но во отсуство на еколошки инспектор не можат да преземат никави мерки, туку за тоа ќе го информираат Државниот инсепкторат за животна средина, тој да постапи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира