МРТВИ РИБИ, МРЕЖИ И ДЕТСКИ ИГРАЧКИ РАСПОСЛАНИ НА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    МРТВИ РИБИ, МРЕЖИ И ДЕТСКИ ИГРАЧКИ РАСПОСЛАНИ НА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОДното на езерото сѐ повеќе се загадува, вели нуркачот Никола Паскали (Фото: Акватек)

    Во пресрет на 1 Мај, младиот охридски нуркач од Центарот за подводни активности „Акватек” Никола Паскали се соочи со распослано ѓубре на дното на Охридското Езеро.

    (Фото: Акватек)

    „Дното на езерото сѐ повеќе се загадува. Тоа го забележувам меѓу две нуркања во релативно кус временски интервал. Вчера со мои пријатели од Кавадарци нуркавме на неколку локации. На пет метри длабочина најдовме искористени шампони, детски играчки, мрежи од рибокрадци, скелети од мртви риби, со еден збор ѓубре кое му штети на Охридското Езеро”, вели Паскали.

    Тој во нашата јавност стана познат по откривањето на јапонски крап во Охридското Езеро, што некој го имал фрлено од домашен аквариум.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира