МВР ИМАЛО НАЈМНОГУ ВЕСТИ ЗА ЦРНА ХРОНИКА, А НЕДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ ЗА ВАДЕЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    МВР ИМАЛО НАЈМНОГУ ВЕСТИ ЗА ЦРНА ХРОНИКА, А НЕДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ ЗА ВАДЕЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕСамо 1,19 проценти од информациите на МВР во 2022 биле сервисни; - Од метежот за подигање нови пасоши во МВР. (Фото: СДК.М)

    Вестите за црна хроника и за превентивните активности на полицијата позачестено биле објавувани од Министреството за внатрешни работи (МВР) во јавноста во 2022 година, а немало зголемен интензитет на сервисни информации во кои спаѓаат и вадењето на лични документи како лични карти, пасоши и возачки дозволи, покажа истражувањето за транспаретноста и отчетноста на МВР спорведено од Центарот за европски стратегии „Евротинк“. Центарот направи анализа за известувањата што ги давало МВР и оние што биле објавувани на телевизии, радија и интернет-портали, а податоците денеска ги презентираше во Битола.

    „Во сервисни информации спаѓаат и оние за лични карти и пасоши кои во изминатиот период требаше во поголем интензитет со одредена динамика и структура да бидат пласирани во континуитет на различните целни групи. На луѓе кои треба да ги обноват документите за возила, лична карта, патни исправи итн. Во нашата анализа доминираат известувања за сторени кривични дела, фатени престапници, односно црна хроника, има раст на информации од превентивен карактер, но сервисните информации немаат зголемен интензитет и зачестеност каква што би требало да имаат со оглед на целиот процес и целиот проблем што денес го живееме“, вели Александар Стојановски, истражувач и проектен координатор во „Евротинк“.

    Според категоризацијата и квантитативната анализа на објавите на веб-страницата на МВР за 2022 година од 4.021 вест, само 48 или 1,19 проценти биле сервисни. Најголем дел биле информации за кривични дела и прекршоци, дури 2.995 или 74,48 проценти.
    МВР спаѓа во првите четири институции по доверба кај граѓаните, покрај Армијата, претседателот и религиските заедници. Но, според најновото истражување на „Евротинк“ од минатиот месец, 47 проценти од испитаниците на национален репрезентативен примерок сакаат враќање на позорникарските служби.

    „Граѓаните бараат поочесто присуство на полицијата во нивните средини. Позорникарската служба во микросредините е нешто што денес не го гледаме. Денес гледаме полиција која е тука но не остарува близок контакт, седи во возила, отсранува неправилности во сообраќај, но не е многу присутна на јавните места каде на луѓето им треба“, рече Стојановски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира