МВР УШТЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГИ ОШТЕТИ ЦЕВКИТЕ ЗА ДОВОД НА КИСЛОРОД ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА НА 23 АВГУСТ

    МВР УШТЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГИ ОШТЕТИ ЦЕВКИТЕ ЗА ДОВОД НА КИСЛОРОД ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА НА 23 АВГУСТНа 30 август беше приведен осомничен 42-годишен жител на тетовското село Желино, но тој бил притворен, испрашан и пуштен. (Фото: СД.МК)

    Уште трае истрагата кој и зошто на 23 август ги оштети цевките од доводот за кислород во Тетовската болница, велат од МВР. На 30 август беше приведен осомничен 42-годишен жител на тетовското село Желино, но тој бил притворен, испрашан и пуштен. Од МВР велат дека бил испрашуван оти имало индиции.

    При вандализирањето, за среќа беа оштетени само една помошна цевка од системот за снабдување со кислород, и една цевка наменета за довод на азотен оксидол. Главната доводна цевка за кислород, која била веднаш до нив и преку која со кислород тогаш се опслужуваа 120 пациенти кои беа хоспитализирани поради ковид-19 и во модуларната болница и на Инфективното одделение во болничката зграда, за среќа не беше оштетена.

    Во синоќешниот пожар во модуларниот Ковид-центар во Тетово загинаа вкупно 14 пациенти, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност, в, соопшти Министерството за здравство. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, велат од Министерството.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира