НЀ БРКААТ ОД РАБОТА ЗА ДА ГО ЗАДУШАТ ШТРАЈКОТ, ОБВИНУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ОД КУМАНОВСКИ „СТИЛ КОН“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЀ БРКААТ ОД РАБОТА ЗА ДА ГО ЗАДУШАТ ШТРАЈКОТ, ОБВИНУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ОД КУМАНОВСКИ „СТИЛ КОН“

    Со закани и бркање од работа, раководството на фабриката за челични конструкции „Стил Кон“ во Куманово ги тера вработените да го прекинат штрајкот што пред три дена го започнале поради неисплатени плати и придонеси, тврдат работници од фабриката. Тие велат дека притисоците го вршат шефови кои прво ги организирале да штрајкуваат, а потоа се премислиле и се свртеле против нив.

    „Раководството гледа на секој начин да го загуши штрајкот наместо да ни ги исполни барањата. Сите што беа под договор ги избркаа од работа бидејќи наводно им завршиле договорите, па ги викнаа работниците кои претходно ги отпуштија. Еден од шефовите не натера да штрајкуваме, а сега се сврте против нас и ни прави притисок. Од околу педесетина работници останавме уште 20 души и секојдневно се намалува бројот. Сабајлево кога отидовме на работа ни ги зедоа картичките за евидентирање на работа и не не пуштија во кругот на фабриката“, вели еден од вработените.  

    Од фабриката за САКАМДАЖАМ.МК изјавија дека не се работи за класичен штрајк туку за револт на дел од работниците кои биле на одмор, па дошле да видат зашто не им се исплатени двете плати.

    „Ние близу еден месец немаме работа затоа што немаме доволно матерјал и во овој период од годината имаме намален обем работа. Фирмата е со холандски капитал и имаме мал застој поради ненаплатени побарувања, но платите ќе бидат набрзо исплатени. Се работи за мал дел на вработени кои се револтирани, другите се на работните места“, тврдат од фабриката.

    Штрајкот започнал во петокот, првенствено поради тоа што работниците и нивните семејства останале без здравственото осигурување, па побарале помош и од инспекциските служби. Од таму им рекле дека ќе ја проследат пријавата, а кога ќе излезат на терен не се знае.

    Проблемите во фабриката „Стил Кон“ почнале пред 3 месеци, кога дошло до смена на менаџерскиот тим и се намалила работата. Газдата пред неколку дена им кажал дека поради административни проблеми со УЈП во Холандија не може да им даде плата, но им уплатил К-15 по 13.000 денари.

    Производствениот погон за изработка на челични конструкции и арматурно железо „Стил Кон“ во кумановското село Младо нагоричене, започна со работа пред 5 години, во септември 2011, а на отворањето присуствуваше премиерот Никола Груевски. Во фабриката работат стотина работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира