НА БОЛЕДУВАЊЕ СУМ И НЕ МОЖАМ ДА ОДГОВАРАМ НА ПРАШАЊА, РЕЧЕ АРСОВСКА И ЗАМИНА ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ШТО САМАТА ЈА СВИКА

    НА БОЛЕДУВАЊЕ СУМ И НЕ МОЖАМ ДА ОДГОВАРАМ НА ПРАШАЊА, РЕЧЕ АРСОВСКА И ЗАМИНА ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ШТО САМАТА ЈА СВИКААрсовска на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и денеска, како и цела година од нејзиниот мандат, не даде одговори на прашањата на новинарите. На вонредната прес-конференцијата која ја закажа самата, рече дека не може да одговара на прашања надвор од темата бидејќи е болна и е на боледување. Пред почетокот на прес-конференцијата лицето кое од нејзе е задолжено за комуникација со медиуми одеше од новинар до новинар и велеше дека ќе нема прашања.

    И покрај настојувањето на новинарите да добијат одговори, затоа што никој не им одговара на прашањата кои со месеци ги поставуваат до градоначалничкатата и Град Скопје, а нејзе ја нема во јавност, Арсовска замина од салата. Додека таа си заминуваше, од нејзиниот кабинет на новинарите им велеа „сите прашања што ги имате пратете ги на меилче”.

    Новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК по завршување на прес-конференцијата тргна кон градоналничката за да се обиде да договори термин за разговор за повеќе теми поврзани со Скопје, на кои не се добиваат одговори. Лицето за пиар за да ја спречи да се доближи и да ѝ се обрати на Арсовска, ја повлече новинарката за рака. Откако новинарката изреагира да не го прави тоа, ѝ рече „да ти помогнам нешто можам јас”.

    Арсовска потоа на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира