НА ХРВАТКАТА КОЈА ВО КАВАДАРЦИ СО НОЖ ВО ПИЈАНА СОСТОЈБА ГО ПРОБОДЕ СОПРУГОТ Ѝ Е ИЗРЕЧЕНА МЕРКА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПСИХИЈАТРИСКО ЛЕКУВАЊЕ

    НА ХРВАТКАТА КОЈА ВО КАВАДАРЦИ СО НОЖ ВО ПИЈАНА СОСТОЈБА ГО ПРОБОДЕ СОПРУГОТ Ѝ Е ИЗРЕЧЕНА МЕРКА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПСИХИЈАТРИСКО ЛЕКУВАЊЕОсновниот0 суд Кавадарци ја прогласи Р. Ш. за виновна откако таа ја призна вината (Фото: СДК.МК)

    На Хрватката Р. Ш. (30) ѝ е изречена судска мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за кривичното дело телесна повреда, извршена при семејно насилство врз сопругот, кое го сторила во алкохолизирана состојба. Ова е пресуда на Основен суд Кавадарци, каде Р. Ш. е прогласена за виновна по признание на вина. Таа е испратена на лекување во психијатриската болница „Негорци“ во Гевгелија.

    Дополнително ѝ е изречена казна затвор во траење од три месеци. Времето поминато во здравствената установа се пресметува во времетраењето на изречената казна затвор.

    Нејзиниот сопруг на судењето кажал дека со обвинетата добро се сложувале, но проблемот во нивниот однос била нејзината зависност од алкохол. Тој смета дека со лекување во соодветна здравствена установа, Р. Ш. ќе успее да ја надмине оваа состојба. Обвинетата во завршниот збор изразила каење и изјавила дека е подготвена и сака да се лекува.

    Вештото лице констатирало дека обвинетата на 21 јануари годинава во шест часот била во состојба на битно намалена пресметливост поради душевни растројства, предизвикани од употреба на алкохол, со присуство на 2,61 промил алкохол во организмот. Според обвинението, по вербална расправија, Р. Ш. земала нож од кујната и додека оштетениот бил свртен со грбот, двапати го пробола во задниот дел од левото и десното рамо, а потоа со раката го гребала по градите и вратот, со што му нанела телесни повреди.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира