НА „ЈАЖИНЦЕ“ ОТВОРЕН ВТОРИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ЕДНО ЗАСТАНУВАЊЕ СО КОСОВО

    НА „ЈАЖИНЦЕ“ ОТВОРЕН ВТОРИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ЕДНО ЗАСТАНУВАЊЕ СО КОСОВОПотребните документи за премин на границата ќе се прегледуваат само на еден шалтер; - Министрите Тошковски и Свечла на отворањето. (Фото: СДК.МК)

    Министерите за внатрешни работи на Македонија и Косово, Панче Тошковски и Џелал Свечла, денеска на „Јажинце“ го пуштија во употреба вториот граничен премин со едно застанување меѓу двете земји (Оne Stop Shop), при што потребните документи за премин на границата ќе се прегледуваат само на еден шалтер. Се очекува протокот на сообраќај на овој граничен премин повеќекратно да се забрза.

    Полицијата од двете страни, и од македонската и од косовската, има обврска меѓусебно да ги разменува документите од лицата што ја минуваат границата.

    „Со пуштањето на овој граничен помеѓу Македонија и Косово ја заокружуваме границата кон Косово, овозможуваме побрз трансферна граѓани помеѓу нашите две држави. Пуштањето во функција на граничниот премин „Блаце“ се покажа како многу функционално на овој начин, така што се надевам дека и овде, на граничниот премин ‘Јажинце’, исто така ќе имаме апсолутно подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани, со цел да имаме што е можно подобра комуникација меѓу двете држави“, изјави министерот Тошковски.

    Министерот Свечла рече дека соработка на двете полициски и царински служби ќе овозможи полесно движење на граѓаните од обете страни на границата.

    Тошковски најави дека вакви гранични премини наскоро се очекува да бидат пуштени и кон Србија и Албанија.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира