Паркингот пред Полициската станица Велес е депо на мотори и автомобили. Така е со години, а сликата не се менува, ниту се подобрува. За грдата слика, која можат да ја видат велешани, може да сведочи секој минувач пред станицата. Командирот на ПС Велес, Александар Костов објаснува дека тоа се возила кои се одземени од лица сторители на кривично дело или прекршок и се чуваат пред зградата.
„Процедурата за одземени мотори и автомобили е долга. Сè додека не се донесе правосилна пресуда, дали средството дефинитивно ќе биде одземено или вратено на сторителот на кривичното дело или прекршокот, стои таму. Од време на време Агенцијата за одземен имот, идат одземаат кога ќе биде завршена постапката. Сè дотогаш ќе стојат таму. Таква е состојбата и во Градско и во Чашка“, изјави Костов.
На паркингот можат да се видат различни марки на автомобили, нови, постари или оштетени.
П. ПЕЧКОВ