НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК УНИШТЕНИ НЕЕКСПЛОДИРАНИ БОМБИ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК УНИШТЕНИ НЕЕКСПЛОДИРАНИ БОМБИ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАБомбите и мините се собирани во изминатите две и пол години (Фото: СДК.МК)

    На армискиот полигон Криволак беше уништен дел од неексплодираните средства, кои беа пронајдени изминатите години во земјава. Уништувањето го извршија пиротехничари при Дирекцијата за заштита и спасување. Ова е втора ваква акција за една недела, откако претходното уништување беше извршено во четвртокот.

    „Се изврши уништување на 1.200 неексплодирани бомби од Првата и Втората светска војна, како и на 290 тенковски мини. Тие се собирани во период од две и пол години. Дел од нив се пронајдени на линијата на Солунскиот фронт, а некои потекнуваат од воените дејствија во 2001 година“, кажа Ефтим Митрев, раководител на тимот на пиротехничари.

    Во Македонија во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување има пиротехничари во седум градови: Струмица, Скопје, Битола, Тетово, Кичево, Штип и Куманово.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира