НА СУДЕЊЕТО ВО ШТИП 74-ГОДИШНИОТ АСАНОВ РЕЧЕ ДЕКА Е НЕВИН ЗА УБИСТВОТО НА 79-ГОДИШНАТА НИКОЛОВА КОЈА ЈА ОБЕЗГЛАВИЛ И ЈА ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ

    НА СУДЕЊЕТО ВО ШТИП 74-ГОДИШНИОТ АСАНОВ РЕЧЕ ДЕКА Е НЕВИН ЗА УБИСТВОТО НА 79-ГОДИШНАТА НИКОЛОВА КОЈА ЈА ОБЕЗГЛАВИЛ И ЈА ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ„Апсолутно не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно“, рече Асанов на почетокот на судскиот процес. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд во Штип започна судењето на штипјанецот Денис Асанов (74) кој е обвинет дека ја киднапирал Борјанка Николова (79)  со која бил во лични блиски односи, ја држел затворена во неговиот дом, а потоа со остар предмет ја усмртил и ја закопал во дворот од неговата куќа. Асанов пред судот се изјасни дека е невин и рече дека воопшто не знае како тоа се случило.

    „Апсолутно не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно“, рече Асанов. 

    Обвинителката Тања Кацарова го образложи обвинението и на судот ги приложи сите наоди од вештачењето и сите докази на вештите лица. Обвинетиот бил свесен при извршувањето на делото и дека убиството го сторил со умисла. Според извршената обдукција, убиената жена имала скршени 8 ребра, а на телото кое било пронајдено закопано во дворот недостасувала главата и двете нозе кои и до денес не се пронајдени.

    Денеска беше сослушана и сестрата на убиената жена која по 5 дена трагање го пријавила исчезнувањето. Судењето ќе продолжи на 18 март.

    На 24 октомври 2025 во СВР Штип, Д. О. (84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Борјанка Николова. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ја држел во неговиот дом, на 10 ноември 2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и биле пронајдени повеќе предмети и траги од крв.

    По извршениот увид, СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) поднеле кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Противправно лишување од слобода и Убиство по член 123.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира