За „Зимската приказна“, која траеше 18 дена со над 150 настани, 3.000 изведувачи и 400 часа активна програма, Општина Битола и Културно-информативниот цеНтар (КИЦ), чиј основач е исто така Општината, потрошија 6.185.467,00 денари (100.905 евра). Бројките од празничната манифестација ги презентираше градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција посочувајќи дека ова е транспарентна Општина. Тој рече дека 3.997.982 денари (над 65.000 евра) кон изведувачите ќе бидат исплатени од Општината, а останатите над 35.000 евра од КИЦ.
Коњановски соопшти дека КИЦ преку спонзорства заработил 2.299.500 денари (37.500 евра), а склучил и договор за соработка со Јавното претпијатие „Паркинзи“ во кој е регулирано рекламирањето на спонзорите и вклучувањето на лизгалиштето и возот „Мечо“ во „Зимска приказна“. „Паркинзи“ преку спонозрство добило поддршка од 300.000 денари со што се овозможи децата да се возат со вовчето 15 дена.
Советниците од опозицијата на последната седница на Советот го прашуваа градоначалникот каде се парите од спонозрствата, па тој денес рече сите средства од спонзори и поддржувачи се префрлени на сметките на КИЦ Битола и ЈП „Паркинзи“, согласно меѓусебно правно регулираната соработка. Имињата на спонзорите не беа соопштени поради, како што рече, почитување политика на приватност.
Крај платото на Офицерскиот дом имаше изнајмени 11 куќарки кои нудеа храна и пијалаци, од кои Општината заработила 1.019.000 денари (16.623 евра).
Коњановски рече дека за успешноста на „Зимската приказна“ зборува и тоа што во изминатите 18 дена на лизгалиштето имало по 00 лизгачи секојдневно, вовчето направило 1.200 возења, а манифесатцијата ја посетиле над 50.000 посетители, присуствувајќи на настани од музика до храна, ракотворби и театар. Дел од гостите рече биле од Грција, за што говорел податокот од надлежните служби дека граничниот премин Меџитлија, дека на 31 декември го поминале 1.519 лица што било зголемување од 30% во однос на претходната година, а на први јануари 1.341 лица. Ова, според градоначалникот, уште еднаш покажа дека Битола има капацитет за манифестациски туризам.
Ж. ЗДРАВКОВСКА