НАД 100 ГРАЃАНИ СО ГРИП ДНЕВНО БАРААТ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ПРИЛЕП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 100 ГРАЃАНИ СО ГРИП ДНЕВНО БАРААТ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ПРИЛЕП

    Бројот на заболени од грип во Прилеп секојдневно расте. Во амбулантите на матичните лекари се јавуваат просечно по 100 граѓани за медицинска помош.

    „Има заболени со грип, има други вирусни инфекции, настинки, а сигурно има и голем број граѓани кои воопшто не бараат медицинска помош и сами се лекуваат во домашни услови, за кои немаме евиденција. Но, појавата на висока температура и особено настинките кај хронични болни треба да завршат со задолжителен преглед кај матичниот лекар“, препорачуваат матичните лекари.

    Фармацевтите во аптеките пак велат дека енормно се трошат антибиотици и витамини.

    „Минатава недела потрошивме антибиотици колку за една година, што би се рекло. Најголема побарувачка има на далерон-парацетамол и на витамин Ц“, информираат фармацевтите од неколку аптеки во градот.

    Многу фреквентно е во службата за итна медицинска помош.

    „Помош бараат и граѓани со грип и граѓани со скршеници. Од Нова година работиме со зголемен интентизитет, расте бројот и на граѓани на кои им пружаме потребна медицинска помош во домашни услови“, вели д-р Натали Танеска Спиркоска.

    Во инфективното одделение пак се хоспитализирани 40-ина пациенти со компликации од грип.

    „Дневно амбулантски се третираат од 100-120 граѓани со грип. Хоспитализирани се 40-ина и исто толку заболени имаме во дневната болница. Состојбата е на ланско ниво. Не може да се рече дека грипот не изненадил. На граѓаните им се пружа потребната медицинска помош,но најбитно е особено за хроничните болни, веднаш при појава на симптоми на грип да побараат медицинска помош“, советува д-р Марја Жежоски, началник на Инфективното одделение во болницата во Прилеп.

    Во Центарот за јавно здравје, соопштуваат дека според последната евиденција број на заболени бележи значителна прогресија.

    „Минатата недела се евидентирани 650 пациенти со грип, неделата пред тоа 444, а пред Нова година 181 заболен. Оваа сезона се очекува грипот да има и два пика. Едниот може да се постигне деновиве, а вториот со почеток на второто полугодие од оваа учебна година. Многу е битно како ќе се шири вирусот натаму. Но, граѓаните треба сами да се заштитат од вирусот на грипот, со тоа што ќе избегнуваат контакти со инфицирани лица и големи собири“, вели д-р Татјана Мургоска-Станимировиќ, епидемиолог во прилепскиот Центар за јавно здравје.

    Инаку во Центарот за јавно здравје сезоната пред грипот беа вакцинирани околу 2000 граѓани, пензионери, хронични болни, но и граѓани во добра здравствена кондиција коишто сакаат на овој  начин да превенираат компликации на грипот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира